Папата Фрањо за климатските промени: Заедничка морална и етичка одговорност може да даде решенија

Поминува времето за пронаоѓање на глобално решение за последиците од климатските промени – истакна папата Фрањо во пораката до перуанскиот министер за заштита на околината Мануел Пулги Видал, преседател на Конференцијата на Обединетите нации за клима, која утре завршува во Лима. Единствено сложното делување може да даде соодветни решенија за ефектите од климатските промени кои драматично се чувствуваат во многу држави, особено во островските земји на Тихиот Океан. Последиците нè потсетуваат на тежината на невнимание и пасивност – објасни Светиот Отец.

Проблемите за кои што се расправа на конференцијата имаат одраз врз целото човештво, посебно на сиромашните и на идните генерации. Станува збор за тешка етничка и морална одговорност. А не е без значење што конференцијата се одржува на бреговите зафатени со Хумболдтовата струја која во симболична прегратка ги обединува народите на Америка, Океанија и Азија – додаде папата Фрањо.

Потсетувајќи на јасниот етички императив за заземање, Папата истакна дека ефикасна борба против глобалното затоплување ќе биде единствено заеднички и одговорен одговор, „слободен од политички и економски притисоци“ кој е способен да промовира култура на дијалог и да покаже одговорна заштита на планетата и човечките семејства – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот