Папата Фрањо испрати видео порака до надбискупот Трухило Мигуел Кабрехос Видарти по повод виртуелното претставување на Црковниот собор на Латинска Америка и Карибите, што ќе се одржи во градот Мексико од 21 до 28 ноември 2021 година
„Почитуван Мигуел би сакал да бидам со вас во ова време и за време на подготовките до ноември“, рече папата Фрањо на почетокот на својата видео-порака до надбискупот Трухило Мигуел Кабрехос Видарта, претседател на Бискупската конференцијата во Перу и Советот на Бискупската конференција на Латинска Америка (ЦЕЛАМ).
Папата ја испрати видео пораката по повод виртуелното претставување на Црковниот собор на Латинска Америка и Карибите, кој ќе се одржи во градот Мексико од 21 до 28 ноември, откако еднаш беше одложено заради пандемијата со коронавирусот. Овој црковен настан, на тема „Сите сме мисионери, на излегување, ќе потсети, по 14 години, на петтото Генерално собрание на латиноамериканските бискупи што се одржа во Апаресида, а неговите цели ќе бидат, како што се наведува во соопштението на Советот на бискупските конференции на Латинска Америка, реалноста на нашите народи, проучувајќи ги предизвиците на континентот, поттикнувајќи го пасторалниот ангажман и барајќи нови патишта во синодална перспектива.
Во видео порака, Папата ја истакна вредноста која треба да се даде на овој собир и не треба да се сфати како седница на латиноамериканските бискупи како претходните, од кои последната беше во Апаресида, и од која имаме уште многу да се научи. Собирот што ќе се одржи во ноември треба да се сфати како состанок на Божјиот народ во чекорење, со лаиците, посветените лица, свештениците, бискупите, кои сите заедно се молат, разговараат, размислуваат, дискутираат и ја бараат Божја волја.
Искажувајќи ја својата блина, Папата на надбискупот Кабрехос Видарта и на сите членови на Советот на бискупските конференции ма земјите од Латинска Америка им спомна два критериума што треба да се следат овој пат, кои отвораат нови хоризонти на надеж. Првиот е сумиран во изразот „заедно со народот“, кој се спротивставува на поимот елитна Црква, бидејќи – истакна папата Фрањо – црковниот собор е знак на Црква без исклучување.
„Овој црковен собор да не биде елита одделена од верниот свет народ Божји Заедно со народот; не заборавајте на ова, сите ние сме дел од Божјиот народ, сите сме дел од него; а тој Божји народ не може да биде измамен во верата, како што вели Вториот ватикански собор, тој ни дава припадност. Надвор од Божјиот народ, се појавуваат елити, просветлени од некаква идеологија, но тоа не е Црквата. Црквата се препознава во кршењето лебот, Црквата се дава на сите, без исклучок“ – рече Папата и како втор критериум ја посочи молитвата. „Ве придружувам со својата молитва и добри желби. Одете храбро напред“ – поттикна на крајот од пораката папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк