Папата Фрањо до француските парламентарци: Политичарот треба да вдахнува душа на законите

Ватикан, 16.6.2013 /к.мк/ –  Принципот на секуларниот карактер на државата не треба да ги исклучува религиите од социјалната сфера и јавните дебати: тоа го изјави папата Фрањо во сабота 15 јуни, пред француските парламентарци од Групата за пријателство меѓу Франција и Светата Столица, кои ги прими на аудиенција во Ватикан.

Средбата беше повод Папата да ја истакне заемната доверба меѓу црковните претставници и народните избраници, како и да се потенцира улогата и одговорноста на политика, која не само што треба да нуди закони, туку и „да ја вложи во нив својата душа“.

„Принципот на секуларниот карактер на управување во односите меѓу француската држава и различните верски конфесии не треба да значи непријателство кон религиозната реалноста или исклучување на религиите од социјалната област и дебатите во неа“, истакна папата Фрањо.

„Црквата сака да даде свој специфичен придонес за важни прашања кои ја обликуваат целосниот поглед за човекот и неговото достоинство, како и за општеството и неговата иднина – рече Папата Бергољо. Тој придонес не се состои само во антрополошките и социјалните области, туку, исто така, и во политичката, економската и културната сфера“.

Папата ја посочи и главната обврска на еден пратеник на народот: „да придонесува за подобрување на животот на своите сограѓани“. Оваа обврска содржи техничка и правна надлежност во подготовката или промената на законите, но не само тоа, додаде Папата:

Потребно е исто така да вдахнува во нив душа, што не значи само одраз на начините и идеите во одреден момент, туку законите да се здобијат со еден квалитет што ја издигнува и облагородува човековата личност“. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<