Примајќи ги во аудиенција во понеделник 2 мај 2022 година членовите на Меѓународната унија на католички фармацевти, Папата истакна дека здравствената криза е можност да се биде близок со луѓето преку давање помош „по човечка мера“ и го истакна придонесот кој може да се даде за целосен премин кон целосна екологија.
Бевте во првите редови за време на пандемијата како сигурно присуство, способни за здружување, користејќи ја вонредната состојба, како „мост“ меѓу граѓаните и здравствениот систем, но и важна помош во разоткривањето на невистините – со овие зборови ги опиша папата Фрањо католичките фармацевти, кои ги прими во аудиенција членовите на Меѓународната федерација на католички фармацевти, црковно здружение кое, како што рече, е како и другите, отворено за сите, во служба на сите, со почитување на принципите на христијанскиот морал, а врз основа на достоинството на човечката личност.
Упоришта за време на пандемија
Зборувајќи за пандемијата на болеста Ковид-19, Папата истакна дека е многу важно и во пандемијата да се види важноста кога во форма на здружение се застапувате за другиот што е типично за католичката традиција. Граѓаните, честопати изгубени, најдоа во вас основа за помош, совет, информации, а исто така – како што добро знаеме – брзо да ги направат тестовите потребни за животот и другите секојдневни активности. Мислам дека оваа кризна состојба во вашата професионална средина ја поттикна и потребата да „бидете тело“, да се поддржувате еден со друг. Тоа треба да биде поттик за здружување, додаде Папата.
Општествена улога
Фармацевтите се како „мост“ меѓу граѓаните и здравствениот систем кој е бирократски; освен тоа, пандемијата го стави на тежок тест со забавување, а понекогаш и парализирање на процедурите – забележа папата Фрањо, објаснувајќи дека таквиот процес поттикна поголеми тешкотии и поголеми страдања за пациентите и поголемо оштетување на здравјето. Категоријата фармацевти дава двоен придонес за општото добро: го олеснува товарот на здравствениот систем и ги ублажува социјалните тензии. Секако, оваа улога треба да се постигне со многу разумност и професионална сериозност – посочи тој – но за луѓето е многу важен аспектот на блискост, совет, таа блискост што треба да биде одлика на здравствената заштита „по човечка мера“.
Промотори на нов начин на живот
Потсетувајќи се и на важниот придонес на монашките аптеки, денес збогатени со приносите на другите култури како што се Истокот, или оние на домородните народи во Америка, Папата го спомена придонесот што фармацевтите можат да го дадат за промена на целокупната екологија. Сите сме повикани да научиме за начинот на живот кој повеќе ја почитува околината во која Бог нè поставил, нашиот заеднички дом. Овој начин на живот вклучува и здрава исхрана и, воопшто, начин на живот. Мислам дека фармацевтите и во ова можат да „едуцираат“, промовирајќи поголемо познавање како да се води здрав живот – рече папата Фрањо и на крајот истакна: Би рекол дека вие, фармацевти, можете да ни помогнете да ги разоткриеме заблудите на лажната благосостојба и да не воспитувате за вистински „добар живот“, и да не биде тоа привилегија за малкумина, туку да биде достапен за сите; добар живот во смисла на живеење во склад со околината, со универзумот, со сите.
Ватикан њуз/к.мк