Папата Фрањо до ИФАД: Само со заштита на планетата ќе можеме да го сузбиеме гладот во светот
Со пораката на Папата на 2 февруари 2021 година започна работата на петтиот биенален форум на домородните луѓе организиран од Меѓународниот фонд на Обединетите нации за развој на земјоделството (IFAD) на тема „Вредноста на автохтоните системи на храна: отпорност во контекст на пандемијата COVID-19“.
Папата и целата Црква се заземаат за домородните народи, организациите за развој и со владите за да нагласат дека глобализацијата не може да значи униформност која ги игнорира разликите и наметнува нов вид колонијализам – со тие зборови папата фрањо ја започнува пораката со која се обрати до учесниците на петтиот Форум на домородните народи, кој се одржува виртуелно, во организација на Меѓународниот фонд на Обединетите нации за развој на земјоделството.
Оваа година темата е посветена на разорните последици од болеста КОВИД-19 врз домородните народи и нивните автохтони прехранбени системи. По тој повод, гласот на Папата одекна како охрабрување и водство за оние – како што е наведено во пораката – кои се посветени на обезбедување помош во најнеразвиените подрачја на планетата, но разубавени од убавината на заедничкиот живот со природата, дело изведено од Божји раце.
На крајот, на учесниците на форумот им посака успешна работа, изобилни плодови и љубов кон светот кој – како што напиша – сакаме да го изградиме сите заедно и сакаме да им го предадеме на оние кои ќе дојдат по нас како богатство, а не како куп отпадоци. Затоа мора да мислиме на општото добро како би заминале од свет, оставајќи зад себе бразда на алтруизам и великодушност, а при тоа да не бидеме ранети од земската иманентност, совладани од духовната празнина, парализирани од автореферецијалност или ожалостени од индивидуализмот – истакнува папата Фрањо на крајот од пораката.
Ватикан њуз/к.мк