Папата Фрањо до Исусовците: Веслајте и бидете силни против дувањето на ветрот!
Светиот Петров кораб, Црквата која е Исусовата заедница, како во минатото, исто така и денес може да биде разнишана од брановите на бурата. Ноќта и власта на мракот стануваат сѐ поблиски, но Исусовците треба да бидат „храбри борци“ во служба на Црквата. Тоа го рече Папата обраќајќи се кон своите колеги Исусовци на благодарствената Литургија, која ја служеше во сабота вечерта 27 септември во Црквата на Исусовците во Рим по повод 200 годишнината од возобновувањето на општествоот основана од свети Игнациј од Лојола.
При оваа своја четврта посета на црквата на Исусовците во Рим, папата Фрањо стави акцент на длабокото размислување, мисијата, служењето и потполно препуштање на Божјата волја.
Папата потсети на тешкотиите на Исусовците од страна на противниците на Црквата, истакнувајќи дека „во времето на тешкотии и криза доаѓаат искушенијата: да се запре и да се дискутира за идеите, да се остави место на очајот или да се концентрира вниманието само на прогонот“. Заедно со ова потсети и на однесувањето на отец Лоренцо Ричи, Генерален настојател на Исусовците од 1759 до 1774:
Благодарение на „длабокото размислување за Божјата волја“,ги спасува Исуовците од „себичноста и од световното, признавајќи ги сопствените гревови и избегнувајќи ја улогата на жртва“. На прагот на сопствениот крај, Дружбата Исусова „останува верна на целта за која е основана – милосрдието, послушноста, трпението, евангелската едноставност, вистинското пријателство со Бог и целосното предавање на Господ“. „Сето останато е световно“, истакна Папата Исусовец.
„Искрата за поголема Божја слава“, која е во нас, и денес нѐ пали и нѐ фокусира, нѐ прави големи и нѐ смалува: „Бог нè љуби и нѐ спасува. Понекогаш патот во животот е тесен и тежок, но ако страдањето се живее во светлината на милосрдието, тогаш прочистува како оган, нѐ утешува и го запалува нашето срце кон молитвата … Да не ја заборавиме нашата приказна: Општеството ја примило благодатта не само да верува во Господ, туку, исто така и да страда за Него (Фил. 1,29)“.
Исто и денес, Светиот Петров кораб може да биде разбрануван од брановите на бурата, како коработ на Дружбата Исусова во минатото, рече Папата. „Затоа мора да се весла. Исусовците треба да бидат „вешти и храбри експерти“, како што вели Папата Пио VII. Веслајте и бидете силни против дувањето на ветрот! Да весламе во служба на Црквата, но исто така и да се молиме, како Петар: „Господи, спаси нѐ!“. Да имаме секогаш вера во Господ“.
На крајот на Литургијата Папата се задржа на современите предизвици што стојат пред Исусовците, како што е „драматичниот проблем со бегалците и протераните“ кои Дружбата Исусова го решава „интелигентно и делотворно“, стремејќи се „преку длабокото размислување за Божјата волја да го интегрира служењето во верата и да ја промовира правдата, според Евангелието“:
„Идентитетот на Исусовците е идентитет на човекот кој го обожава само Бог и им служи на своите браќа – заврши Папата – покажувајќи го со својот примерот не само она во што поверувал, туку и она на што се надева и кој е Оној на кого се има доверено (Тим, 1 , 12). Исусовецот е другар на Исус, кој ги доживува неговите чувства“.
РВ/В.Н.
2250