Папата Фрањо до европските епископи: Бидете „пророчки глас“ во општеството

Потребно е да се брани неотуѓивото право на родителите да ги воспитуваат децата според сопствените морални и религиозни убедувања: ова го истакна папата Фрањо примајќи ги во петок 3 октомври, учесниците на пленарното собрание на Советот на европските епископски конференции, кое се одржува во Рим на тема „Семејството и иднината на Европа“.
Папата Фрањо ги охрабри епископите да бидат поблиску до Божјиот народ и да бидат внимателни кон барањата на верниците во контекст на новите промени и предизвиците на Црквата во Европа:
„Повикани сме да бидеме излез. Црква – од центарот кон периферијата, за да допреме до сите, без страв и недоверба, со апостолска храброст – рече Папата. Колку многу наши браќа и сестри кои се наоѓаат во различни ситуации, дури и најтешките, имаат потреба од светлината на Евангелието!“.
„Многу е важно црковните пастири да работат заедно со семејствата, во духот на помирувањето и искрениот дијалог, за да може парохиските заедници да станат „семејство во семејството“, рече папата Фрањо, посочувајќи конкретно некои интересни ситуации во месните Цркви:
„Свршеници, кои минуваат сериозна предбрачна подготовка; сопружници кои прифаќаат привремено деца на други или ги посвојуваат; семејни групи, кои во парохиите или во движењата меѓусебно си помагаат на патот на верата. Не недостасуваат и социјални и политички проекти за помош на семејствата, како на оние што се во регуларен брак, така и на проблематичните или поделените. Најважно е овие примери на семејства во различни средини да стане предмет на подлабоко размислување, а потоа да се „вметне во мрежата“ на епархиските заедници.
Папата истакна дека соработката меѓу црковните пастири и верници е посебно важна во областана образовнието: „Родителите треба да бидат поддржани во воспитувањето на децата, бранејќи го нивното неотуѓиво право да одлучат за воспитувањето за кое сметаат дека е соодветно. Затоа, родителите се првите и основни воспитувачи на своите деца, и имаат право да ги воспитуваат во согласност на нивните морални и религиозни убедувања“.
Во овој контекст Папата препорача изработка на „заеднички и координирани пасторални упатства со цел промоција и поддршка на католичките училишта. На крајот папата Фрањо ги повика европските епископи да бидат „пророчки глас во општеството, посебно таму каде што зголемената секуларизација на континентот се стреми да го замолчи гласот на Бог“.
РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот