Папата Фрањо до Апостолските нунции: Бидете скромни пастири

Ватикан, 22.6.2013 /к.мк/ – Во петок 21 јуни папата Фрањо ги повика апостолските нунции да бидат „посредници“ бегајќи од искушението кое се нарекува „буржоазија на духот и животот“. Во говорот кој го одржа Светиот Отец во свечената сала Клементина, најпрво ја изрази својата желба да се запознае со нунциите и со нив да воспостави „личен контакт“, што е „најважно“.

Папата ги повика апостолските нунции од целиот свет да бидат „посредници“, а не „преставници“ и од „лозата на својот живот да ги отстрануваат непотребните лисја се до сржта, која е Христос“.

Во спротивно може да се случи светата задача да се претвори во потсмев (…) Ако се препуштиме на световниот дух, се изложуваме на опасност, посебно ние пастирите, да бидеме исмејани: можеби ќе ни плескаат со рацете, но оние кои наизглед не подржуваат, ќе не критизираат штом ќе си заминеме од нив“, истакна Светиот Отец пред 108 нунции во служба и 40 во мирување.

Нунциите кои имаат задача да пронаоѓаат епископи кои на најдобар начин ќе управуваат со месната Црква, мора „пред се да внимаваат тие да бидат добри пастири, блиски на луѓето. „Покрај тоа нека бидат татковци и браќа, благи, стрливи и милосрдни, нека го сакаат сиромаштвото, внатрешното (…) како и надворешното, одбележано со едноставен и скромен живот, да не размислуваат како световните власти.“

„Внимавјате“ – истакна папата, оние кои ги бирате да не бидат кариеристи, да не бидат такви кои ја бараат само епископската чест.

Оваа средба во Ватикан беше планирана од Бенедикт XVI по повод Година на верата. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<