Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека папата Фрањо продолжува добро да закрепнува од операцијата, насамо ја измоли молитвата Ангел Господ, пред да им се придружи на членовите на персоналот кои му помагаат за ручекот.
Додека Светиот Отец го продолжува своето закрепнување во римската болница Агостино Гемели, по абдоминална операција, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави во недела, 11 јуни 2023 година соопштение во кое стои:
Медицинскиот персонал нѐ информираше дека постоперативното закрепнување на папата Фрањо продолжува нормално.
Светиот Отец е сè уште апиретичен и хемодинамиски стабилен (нема покачена телесна температура, стабилно чукање на срцето и нормален крвен притисок); има направено респираторна физиотерапија и продолжува да се движи.
Прептпладнето на телевизија следеше Светата Миса во живо и прими Причест. Потоа, во својот приватен апартман, тој сам ја молеше молитвата Ангел Господов.
Потоа ручал со персоналот кој му помага во последните денови престојувајќи во приватниот апартман на болницата Гемели (лекари, здравствен асистент, медицински сестри, персонал и припадници на Жандармеријата).
Ватикан њуз/к.мк