Папата Фрањо: Да ја зачуваме својата понизност за дијалог со Божјото величие

Да ја зачуваме својата понизност за дијалог со Божјото величие – поттикна Светиот Отец на светата Литургија на 21 јануари во домот Света Марта. Папата својата проповед ја засноваше на зборовите „Господ“ и на „мали“ и кажа дека Бог со својот народ секогаш има личен однос; однос човек – човек; личен однос со секој од нас и тоа никогаш не е дијалог со мноштво. Господ избира мали; оние кои не се моќни затоа што гледа на нашата понизност – рече папата Фрањо.

Секој член на народ има свое место. Никогаш Господ не разговара со мноштво туку секогаш лично; по име. Исто така Он лично избира. Извештајот за Создавњето ни овозможува да видиме дека тој истиот Господ кој со своите раце го создава и обликува човекот и му дава име: „Ти си Адам“ и така започнува односот помеѓу Бог и тој човек – кажа Светиот Отец и додаде – но, постои и еден однос помеѓу Бог и нас малите: Бог, велик и ние, мали. Бог кога има некој да избира – па во случајот и народ (не само луѓе) – секогаш избира мали, рече папата Фрањо.

Бог за свој народ го избира „најмалиот“ народ; кој е најмалку моќен од околните народи. Помеѓу Бог и човечката понизност постои дијалог; и Богородица вели дека Господ погледнал на нејзината понизност. Господ избира мали, што јасно се гледа во првото денешно читање – истакна папата Фрањо. Пророкот Самуел стоејќи пред најголемиот од Јесеевите синови, мисли: „Секако овој е пред Господ помазаникот Негов!“ (1Цар. 16,6), затоа што го видел неговиот углед и големина, но Господ му кажа: „Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“ (1Цар. 16,7) – нагласи Папата.

Бог избира според свои критериуми и тоа слабите и кротките, за да ги засрами силните. Господ на крајот го избра Давид, најмалиот на кој неговиот татко воопшто не ни сметал; и „не бил дома“ туку „ги паси овците“ – кажа Папата и заклучи – а едноставно Давид бил избран!

Сите ние по Крштението сме „избрани“ од Господ. Не бира еден по еден; ни дава име; нѐ гледа нас и со нас води дијалог, затоа што така Бог љуби. И Давид откако стана цар, погреши и направи можеби уште многу други гревови, но Библијата ни дава два; оние тешките. Што направи на тоа Давид? – праша Папата – Се намали; се врати на својата понизност и рече: грешник сум; побара простување и направи покора.

И после вториот грев, Давид вели: „Казни ме мене, а не народот; не е виновен народот туку јас.“ Давид ја зачува својата понизност, покајанието; со молитва и плачење. Да размислуваме за овие работи; за овој дијалог меѓу Господ и нашата понизност; се прашувам: каде е христијанската верност? – рече Светиот Отец.

Христијанската верност, нашата верност е во тоа да ја сочуваме нашата понизност за да може со Господ да разговараме. Поради тоа понизноста, благоста и кроткоста се толку потребни во животот затоа што се чувари на понизноста, на која и прилега да го гледа Господ. Господ по заговорот на свети Давид и исто така по заговорот на Богородица нека ни подели милост да ја сочуваме пред Него својата понизност – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот