Во сабота 20 февруари 2021 година папата Фрањо го прифати повлекувањето на кардиналот Роберт Сара, префект на Конгрегацијата за богослужби и дисциплина на Светите Тајни, кој наполни 75 години на 15 јуни минатата година.
Кардиналот Роберт Сара за свештеник е ракоположен на 20 јули 1969 година и бил именуван за надбискуп на Конакри, главниот град на Гвинеја, од папата Иван Павле II. во 1979 година, кога имал 34 години. Во 2001 година, тој е именуван за секретар на Конгрегацијата за евангелизација на народите, а во 2010 година, папата Бенедикт XVI го именува за претседател на Папскиот совет Cor Unum. На 23 ноември 2014 година, папата Фрањо го именува за Префект на Конгрегацијата за богослужби и дисциплина на Светите Тајни. Учествуваше во конклавата во март 2013 година, кога беше избран папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк