На 3 јануари, папата Фрањо го прифати повлекувањето на надбискупот Тадеуш Кондрусевич од Минск поради возраста и го назначи бискупот Казимиерц Виеликосиелец, ОП, за апостолски администратор на надбискупијата на главниот град на Белорусија, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Кон крајот на август 2020 година, белоруската влада не му дозволи на надбискупот Кондрусевич да се врати во земјата по патувањето во Полска. На 22 декември 2020 година, Апостолскиот нунциј во Белорусија, надбискупот Анте Јозиќ, објави дека има информации дека веќе нема никакви пречки за враќањето на надбискупот во Белорусија. Надбискупот Кондрусиевич потоа се врати во својата татковина и го предводеше Божиќното славење.
Доминиканецот Казимиерц Виеликосиелец е титуларен бискуп на Бланд и помошен бискуп во Бискупије Пинск.
Ватикан њуз/к.мк