Папата Фрањо го прими премиерот на Малта

Ватикан, 25.6.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во понеделник 24 јуни го прими на аудиенција во Ватикан премиерот на Република Малта Јозеф Мускат. За време на средбата, се вели во соопштението од Ватикан „е потсетено на апостолското потекло на Црквата во Малта и одлучувачка улога на христијанството во историјата и културата на таа земја.” Исто така беше потсетено и на посетата на блажениот папа Иван Павле II и Бенедикт XVI и „големиот белег кој остана врежан за животот на Црквата и населението”. За време на средбата била потврдена „потребата да бидат цврсто поддржани христијанските вредности”, како и „важната улога на Католичката црква со нејзините институции на образовано и хуманитарно поле“. Сето тоа е загарантирано со бројни договори помеѓу Светата Столица и Малта, меѓу кои за изучувањето веронаука во државните училишта. Посебен акцент бил ставен на договорот за „граѓанскиот ефект од црковните бракови, кој ќе биде предмет на дополнителни разговори меѓу двете страни”. На средбата станало збоир и за некои „важни предизвици и критични ситуации во регионот на Медитеранот, улогата на ЕУ и миграцискиот феномен кон Европа, кој директно ја погодува Црквата и Владата во Малта”. (го*ко)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<