Канцеларијата за печат при Светиот Престол објави дека денес папата Фрањо се сретна со ирачкиот претседател Бархан Салих, кој по тоа се разговара со Папскиот државен секретар Пиетро Паролин и државниот секретар за односи со другите држави Паул Ричард Галагер.
Папата Фрањо на 25 јануари во аудиенција го прими ирачкиот претседател Бархам Салих, кој после тоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и државниот секретар за односи со државите, надбискупот Паул Ричард Галагер. За време на срдечните разговори, тие ги истакнаа добрите билатерални односи, се осврнаа на актуелните предизвици во Ирак, разговараа за важноста за промовирање на стабилноста во процесот на обнова, залагајќи се за пат на дијалог и барање соодветни решенија во корист на граѓаните, и за почитување на националниот суверинитет.
Во продолжение на разговорите ја истакнаа важноста за зачувување на историското присуство на христијаните во таа земја, кои тие се составен дел и дадоа значаен придонес во обновата на социјалната структура. Напоменаа дека на христијаните треба да им се гарантира сигурност и место во иднината на Ирак. На крајот се осврнаа на различните конфликти и тешките хуманитарни кризи кои ги погодуваат и другите земји од регионот, истакнувајќи ја важноста на напорите кои се направени со помош на меѓународните заедници, за повторно враќање на довербата и мирен соживот.
Ватикан њуз/к.мк