Папата Фрањо го именува кардинал Рајнер Марија Волки за архиепископ митрополит на Келн

Папата Фрањо на 11 јули 2014 година го именува кардинал Рајнер Марија Волки за архиепископ митрополит на Келн, преместувајќи го од неговото досегашно митрополитско седиште Берлин.

Кардинал Волки е роден 1956 година во Келн. За свештеник е ракоположен 1985 година, а за епископ е хиротонисан во 2003 година. Во 2011 година е именуван за архиепископ митрополит на Берлин, а на 18 февруари 2012 е вброен во Кардиналскиот колегиум. Кардинал Волки е член на Конгрегацијата за клер и Папскиот совет за промовирање на единството меѓу христијаните.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот