Папата Фрањо замина на своето 40. Апостолско патување во странство, поточно во Јужен Судан и Демократска Република Конго.
Папата Фрањо го започна своето 40. Апостолско патување во странство во Демократска Република Конго и Јужен Судан, кое ќе биде екуменско ходочастие и фокусирано на мирот и помирувањето. Воедно ова е неговото 5. Aпостолско патување во Африка.
Папскиот лет на ИТА-Ервејс го напушти римскиот меѓународен аеродром Фиумичино во вторник 31 јануари 2023 година во 8.29 часот по локално време. На летот со Папата има повеќе од 70 новинари. Авионот треба да пристигне на аеродром „Нџили“ во главниот град на ДР Конго Киншаса во 15.00 часот по локално време.
Ватикан њуз/к.мк