Папата Фрањо: Господ нека ни помогне да се сакаме едни со други
Во недела 16 февруари папата Фрањо славеше уште една света Литургија во предградие на Рим, овој пат во Инфернет во парохиската црква Свети Тома, апостол, а по повод 50 години од основањето на парохијата. Не ја читаше подготвената проповед, туку зборуваше за тоа колку е важно да бидеме искрени кон себе и она што ни лежи на срцето.
„Секогаш да го молиме Господ за милост да знаеме што ни говори срцето за да можеме исправно да го одбереме доброто и Господ нека ни помогне да се сакаме едни со други“, рече Светиот Отец.
Папата се сретна со децата и младите од таа праохија, кои ќе примат Прва Причест и Миропомазание, а потоа во дворот на црквата се поздрави со верниците од парохијата, со родителите и нивните деца, со старите и болните, со родители на деца со инвалидитет. Пред светата Литугија Светиот Отец исповеда неколку верници од парохијата.