Папата Фрањо ги посети Ардеатинските јами

Папата Фрањо ги посети Ардеатинските јами

Светиот Отец по завршетокот на светата Литургија на Американските гробишта во Нетун се упати кон Ардеатинските јами, каде помина некое време во молитва пред споменикот на жртвите на масакрот кој нацистичките сили го извршиле пред крајот на Втората светска војна.

Папата Фрањо во молитвата ги спомна 12-те неидентификувани жртви, чии имиња на Бог познати, бидејќи никому Нему не му е непознат. Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов не е Бог на мртвите, туку на живите, бидејќи се работи за сојуз на верна љубов која е посилна од смртта и гаранција за воскресението – рече Папата и потоа се потпиша во спомен – книгата, истакнувајќи дека „плодовите“ на војната се омразата, смртта и осветата, барајќи од Господ да ни прости.

Ардеатинските јами се наоѓаат на југоисточната периферија на Рим, а на тоа место се фрлени тела на 335 Италијанци, меѓу кои 73 Евреи, а кои германските нацистички сили ги убиле на 24 март 1944 година. Убиени се во знак на одмазда за партизанскиот напад кој се случил претходниот ден во центарот на градот, а во кој се убиени 33 германски полицајци. Самиот Хитлер ја одобрил одмаздата која барала за секој убиен Германец да се убијат 10 Италијанци. Телата на убиените се фрлени во јами кои потоа биле затворени со експлозив. По завршетокот на војната жртвите се ексхумирани и погребани. Подоцна јамите се прогласени за спомен-гробишта и италијански национален споменик.

Кај Ардеатинските јами секоја година на годишнината од маскрот се одржува свечена државна комеморација. Додаваме дека блажен Павле VI, свети Иван Павле II, Бенедикт XVI и папата Фрањо го посетиле тоа место на масакр за да одадат почит на жртвите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот