Папата Фрањо ги повика лицата со посветен живот секој ден да го негуваат својот повик

Папата Фрањо ги повика лицата со посветен живот секој ден да го негуваат својот повик

Папата Фрањо на 30 мај 2024 година ги поздрави учесниците на бразилскиот конгрес за посветен живот и ги пофали нивните различни харизми во посланието на Црквата. Тој се моли Конгресот да донесе „обилни плодови во животот на секоја монашка заедница и Црквата во Бразил“.

Тој додаде дека монасите и монахињите покажале голема посветеност во навестувањето на Христовата Радосна вест. „Благодарен сум“, рече тој, „за неизмерниот дар на повикот за посветен живот кој во своите различни харизми го збогатуваат црковното заедништво и во голема мера соработува со посланието на Црквата во целиот свет“.

Светиот Отец потсети дека дарот на звањето мора да се негува секојдневно за монасите и монахињите да вродат со плод. Папата го пофали и изборот на темата на конгресот – „Остани во мојата љубов“ – зборови кои Исус им ги упати на своите апостоли ноќта пред да умре. За добро да се живее повикот „мора да останеме во Неговата љубов преку постојан дијалог со Исус во секојдневна молитва и верност на заветите кои убаво го изразуваат нашето посветување“, рече Светиот Отец.

Посветениот живот овозможува да се види убавината кога таа е цврсто вкоренета во Господа. Евангелското сиромаштво, рече тој, води до поголема слобода; чистотата го ослободува човекот да сака без поседување, а послушноста го нуди Исусовиот начин на победа над нашата склоност за анархија.

На крајот, папата Фрањо ги поттикна бразилските монаси и монахињи да живеат во сегашноста „поддржани од мистиката“ на нивната посебна харизма и да се залагаат за навестување на Евангелието на пророчки начин. „Овие желби и молитви ги доверувам на посредништвото на Пресвета Богородица од Апарецида, Мајка на посветени мажи и жени во Бразил, кои ги благословувам со сето мое срце, барајќи исто така и од вас да не заборавите да се молите за мене“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот