На вториот ден од престојот на папата Фрањо во Тајланд, 21 ноември 2019 беше исполнет со богата програма. Уште утрото се сретна во архитектонски интересната палата во седиштето на владата со претставниците на цивилните власти, а потоа во седиштето на будистичката заедница со врховниот будистички поглавар. Следуваше посета на болница. Потоа следуваше приватна средба со кралот и на крајот света Литургија во националниот стадион во Бангкок, кој може да собере 65 000 луѓе.
Во својот говор во палатата на владата каде се собраа претставници на цивилните, граѓанските и верските власти и дипломатскиот кор, Папата истакна дека денес на општеството му се потребни творци на гостопримството. Потребно е да се брани достоинството на мигрантите и да се истрае во напорите околу истребувањето со камшикот на злоупотребата на власта и насилството над жените и децата. Со пофалби се изрази за различните култури, верските групи, филозофиите и идеите и препорача да продолжат со градењето на мирен соживот меѓу различните етнички групи. Предупреди на опаѓањата кои со себе ги носи глобализацијата, посебно онаа економско-финансиското, склона да ги уништи важните карактеристики кои вообичаено ја раѓаат убавината и духот на народот. Слободата со која може да се пофали Тајланд се остварува со соодговорноста едни кон други и со надминувањето на сите облици на нерамноправност. Потребно е рече Папата да се работи околу постигнувањето на потребните одржливи нивоа на општ развој на човекот. Со пофалби се изрази за прифаќањето на бегалците од соседните земји и изрази надеж дека меѓународната заедно со одговорност и долгорочност ќе настојува да ги реши проблемите, кои ги предизвика тој трагичен егзодус и ќе промовира безбедно, средено и мирно преселување.
Важно е да се штити достоинството на луѓето кои се соочуваат со опасностите, несигурностите и искористувањето во потрагата за слобода и достоинствен живот на своите семејства.
Важна, срдечна и пријателски беше средбата со врховниот будистички поглавар Аријавонгсагатан IX.
Да му дадеме на светот збор на надеж кој ќе го охрабри и ќе ги поддржи оние кои ги поднесуваат најголемите последици на поделбите, рече Папата во центарот на изворот на будизмот и историското престојувалиште на будистичките тајлански монаси и истакна дека религиите мора да промовираат мир и братство. Тоа е патот за градењето на културата на сочувствување и средба. Религиите се светилниците на надежта затоа што промовираат и гарантираат братство. Потсети на пријателството и врската со будистичката заедница и ја истакна важноста на дијалогот и се заблагодари за прифаќањето на христијаните.
На млади од Тајланд кои се собраа вечерта на 21 ноември на молитвено бдение во видео порака им препорача да не запрат, туку да настојуваат да бидат среќни. „Ви препорачувам две работи:Нне останувајте на земјата, туку веднаш кренете се; не го поминувајте времето лежејќи на каучите.“
Ватикан њуз/к.мк