Папата Фрањо во писмо до англискиот теолог Стивен Валфорд истакнува дека постсинодалниот поттик “Amoris laetitia” треба да се чита во неговата целост
Списанието на Дружбата Исусова „La Civiltà Cattolica“ објави во вторник 21 август 2018 година писмо на папата Фрањо, кое минатата година го упати до англискиот теолог Стивен Валфорд. Тоа писмо послужи како предговор за книгата на Валфорд насловена „Папата Фрањо, семејството и разводот: Во одбрана на вистината и милосрдието“.
Стивен Валфорд и неговото семејство минатата година беа во посета на папата Фрањо и меѓу другото разговараа и за постсинодалниот поттик Amoris laetitia. Валфорд во таа прилика го замоли папата Фрањо да напише неколку мисли за тој документ, а Светиот Отец тоа го направи со големо задоволство.
Amoris laetitia како единствена целина
Во своето писмо Папата истакнува дека поттикот Amoris laetitia е единствена целина, што значи мора да се чита во целост од почеток до крајот за да се разбере пораката. Ако пак поттикот не се чита во целост и со редоследот со кој е напишан, ќе биде сфатена погрешно – предупредува Папата.
Светиот Отец напоменува дека во тој документ се обработуваат сегашните и конкретните проблеми како што е семејството во денешениот свет, воспитувањето на децата, подготовката за брак, проблемите на семејствата, додавајќи дека тие прашања се обработуваат со помош на херменевтика која произлегува од целиот документ, а која е научителската херменевтика на Црквата, секогаш во континуитет (и без прекин) и истовремено созревајќи. На крајот Папата го изразува своето уверување дека книгата на Валфорд за Апостослкиот поттик Amoris laetitia ќе биде од помош за семејствата.
Ватикан њуз/к.мк