Папата Фрањо во аудиенција ја прими претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Разговорот помеѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и папата Фрањо, кој ја прими на 22 мај 2021 година во Апостолската палата во Ватикан, траеше околу половина час.
Драматичните последици од пандемијата, мигрантите и климатската криза и неодамнешните случувања на Блискиот Исток беа темите на кои се разговарааа папата Фрањо и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
По аудиенцијата кај Папата, фон дер Лајен се сретна со државниот секретар на Светиот Престол Пиетро Паролина и државниот секретар за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер.
За време на срдечниот разговор соговорниците се осврнаа на добрите билатерални односи и тековните иницијативи по повод 50-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Светиот Престол и Европската унија – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Потоа се осврнаа на теми за човечкиот и општествениот развој на континентот, како и за неодамна започнатата конференција за иднината на Европа. Во продлжени на разговорот се разгелдани некои прашања од заеднички интерес, како што се опшетествените последици од пандемијата, миграцијата и климатските промени, како и ситуацијата на Блискиот Исток – соопшти Канцеларијата за печат на Стиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк