Папата Фрањо во сабота 18 ноември 2023 година го прими Абдул Латиф Џамал Рашид кој потоа се сретна со кардиналот Паролин и надбискупот Галагер. Црквата во Ирак и конфликтот во Израел и Палестина беа во центарот на разговорите во Државниот секретаријат.
Папата Фрањо во Апостолската палата во аудиенција го прими ирачкиот претседател Абдул Латиф Џамал Рашид, кој потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.
За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат, кој траеше 25 минути, се разговараше за теми од заеднички интерес – стои во соопштението од канцеларијата за печат на Светиот Престол. Посебно, беа истакнати добрите билатерални односи и беше повторена потребата Католичката црква во Ирак да продолжи да го извршува своето ценето послание и да се погрижи на сите ирачки христијани да биде овозможено да бидат силен и активен дел од општеството и територијата, особено во долината Ниневија.
Притоа, соговорниците се осврнаа на некои меѓународни прашања, со посебно внимание на конфликтот во Израел и Палестина, како и за итно ангажирање во корист на мирот и стабилноста – стои во соопштението од канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк