Папата Фрањо: Богатствата и грижата за световното го гушат Словото Божјо

Ватикан, 22.6.2013 /к.мк/ – Богатствата и грижата за светoвното „го гушат Словото Божјо“, рече папата Фрањо за време на проповедта во сабота 22 јуни во капелата на домот Света Марта. Нашиот живот се темели на три столба, истакна Папата: избор, сојуз и ветување, додавајќи дека својата сегашност мораме да ја препуштиме на Отецот, не плашејќи се од она што донесува иднината. На светата Литургија присуствуваа вработени од Ватиканските музеи, а меѓу останатите сослужуваше и епископот од Санта Клара на Куба, монсињор Артуро Гонзалес.

„Никој не може да слугува на двајца господари.“ Папата Фрањо го разви своето размислување поаѓајќи од зборовите на Исус; во денешното Евангелие (Матеј 6,24-34) Исус се задржува на темата богатство и грижа. Исус, рече Папата, е многу јасен по тоа прашање: богатството и грижите за световното го гушат Словото Божјо, тоа се трња кои го задушуваат семето паднато на земјата, како што се вели во пароаболата за Сејачот (Марко 4,1-10).

„Богатствата и грижата го гужат Словото Божјо, и не дозволуваат да расте. И Словото умира, бидејќи не се води грижа за него: загушено е. Таквиот човек е слуга на богатството или послужник на своите грижи – и не е службеник на Словото Божјо. И тоа трае, а целата парабола се поврзува со времето, зарем не? Не грижете се за утре, што ќе правиш утре…. И параболата за сејачот говори за минување на времињата: сејачот сее, доаѓа дожд, семето расте. Што се случува во нас? Што прават богатството и грижите? Изгледа дека ни даваат погрешна слика за сфаќање на времето, „едноставно не одвраќаат од текот на времето“, порача Папата.

Целиот наш живот се темели на три столба, истакна Светиот Отец. Првиот столб е минатото, другиот е сегашноста и третиот иднината. Столбот на минатото, истакна Папата: „е Божјиот избор“. Секој од нас може да му каже на Господ „Господ ме избра, ме љубеше, ми рече ‘дојди’ и со крштението ме избра да одам по христијанскиот пат. Идината пак се однесува на „чекорење во пресрет на ветувањата“. Господ ни „даде ветување“. Сегашноста на крајот е „нашиот одговор на предобриот Бог, кој ме избра“. Папата истакна: „Бог дава ветување, ми нуди сојуз, и јас склопувам сојуз со него“. Тоа се значи трите столба: избор, сојуз, ветување“.

„Тоа се три столба на целокупната историја на Спасение. Но кога нашето срце е зафатено од грижи, како што ни говори Господ, го сечат времето; го пресекува минатото, ја пресекува идинината и се губи во сегашноста. Човек кој е наврзан на богатствата, тој не се грижи за минатото и иднината, тој има сè во сегашноста. Богатството е идол: во тоа идолопоклонство не ми е потребно ниту минато, ниту ветување, ниту избор… ништо. Оној пак кој се грижи што ќе се случи – го пресекува својот однос со иднината – прашувајќи се ‘што ли ќе се случи?’ и за него иднината станува несигурна, не го упатува кон никакво ветување. Останува збунет, останува сам.“

Затоа, рече Папата, Исус ни говори дека човекот има два избора: или го следи Царството Божјо или световните грижи. Со крштението сме избрани во љубовта, имаме „Отец кој не повика на патот“. Со тоа и иднината е „среќна, бидејќи одиме кон ветувањето“. Господ е верен. Тој не разочарува, поради тоа и ние сме повикани да направиме што можеме, без разочарување „не заборавајќи дека во своето минато имаме Отец кој нè избра“. Богатството и грижите, предупреди Светиот Отец, се причините поради кои „го забораваме своето минато“ живеејќи како да немаме Отец кој нè избра. Тогаш и нашата сегашност не е добра.

Да се заборави минатото, да не се прифати сегашноста, да се изобличи иднината: тоа ни го прават богатства и грижите. Господ ни говори: „Бидете мирни. Барајте го Цараството Божјо и неговата правда, и сето останато ќе ви се даде“. Да го молиме Господ за благодат да не пропаднеме со нашите грижи, идолизирајќи ги богатствата, да молиме секогаш да се потсетуваме дека имаме Отец кој нѐ избра“. Да се потсетуваме дека Отецот ни ветува нешто добро и дека треба да чекориме и да бидеме храбри: Да чекориме кон неговото ветување и да бидеме храбри да се прифати сегашноста каква што е. За тоа да го молиме Господ, заврши папата Фрањо. (го*ко)

Категорија: Ватикан, Размислување

За авторот

Write a Comment

<