Папата Фрањо: Без духовен живот толкувањето на Словото Божјо е непотполно

Папата Фрњо во петок 12 септември 2014 година ги прими членовите на Италијанското библиско друштво, на крајот од 43. Национална библиска недела. Оваа средба воедно е и прв настан при прославата на 50. Години од догматската конституција од Вториот ватикански собор за Божјата објава, Dei Verbum, која е објавена на 18 октомври 1965 година.

Папата се обрати до членовите на Библиското друштво, истакнувајќи дека денес да се биде христијанин, покрај бројните предизвици на културата, многу повеќе од било кога е потребно Словото Божјо. „За да биде верата светло, за да не се изгаси, мора постојано да се храни со Словото Божјо“ – нагласи Папата.

„Толкувањето на Библијата е неоходна задача“, бидејќи вистинското почитување на Словото Божјо бара да го вложиме целиот труд за да можеме правилно да го разбереме“, а бидејќи не е возможно секој христијанин да ги истражува лично библиските текстови, „таа задача припаѓа на толкувачите, одговорни на ова поле, за доброто на сите“ – потсети Папата на зборовите од документот „За толкување на Библијата во Црквата“ и поуката на светиот Иван Павле II по повод издавањето на тој документ. Концентрирањето само на човечките елементи од библиските текстови, без да се препознае Божјото Слово и без духовен живот, хранет со молитва, истражувањето го прават непотполно и ја губи својата главна цел. На крајот од спомнатиот докуменет стои: „Католичкото толкување нема право да изгледа како течение на река изгубена во песокот на хиперкритичка анализа“- потсети Светиот Отец.

За пример на католичкиот толкувач, кој треба да е академски способен, но и кој дозоволува да биде воден од Светиот Дух и неговата поука – папата Фрањо ја препорача Блажена Марија Девица, која во срцето размислуваше за зборовите и настаните поврзани со Исус. „Богородица нѐ учи на потполно прифаќање на Словото Божјо, не само преку интелектуални истражувања, туку и со целиот живот“ – рече на крајот папата Фрањо, благословувајќи ги присутните и се препорача во нивните молитви.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот