Папата формира комисија за реорганизација на економско – управните структури на Светата Столица
Ватикан, 20.7.2013 /к.мк/ – Во петок 19 јули објавено е писмо на папата Фрањо за формирање на Папска комисија за проучување и реорганизација на економско – управните структури на Светата Столица.
Резултатите од позитивните податоци од Ватиканскиот биланс – стои во писмото на Светиот Отец – не упатува, слушајќи го мислењето на почитуваните кардинали, браќата епископи и стручните соработници, да продлжиме со воведување реформи во институциите на Светата Столица, со цел да се поедностават и рационализираат постоечките тела и внимателно да ги планираат економските активности на сите ватикански управни институции.
Светиот Отец формира комисија со цел добивање информации за економските прашања на ватиканската администрација, да соработува со кардиналскиот совет, да даде стручна помош и да донесува стратешки одлуки, кои ќе оневoзможат расфрлење со економските добра и да придонесат за поголема транспарентност во грижата за добрата и услугите, како и за усовршување на администрацијата со движните и недвижните добра.
Членовите на новоформираната комисија се именувани лично од Светиот Отец, а Папата очекува сите Ватикански тела да соработуваат со комисијата. Сите членови се стручни лица, единствено секретарот на комисијата е клерик – соопштено е од Државниот секретаријат.
Членови на комисијата се: др. Јозеф Захра (Малта), претседател, монс. Луцио Анџел Валејо Балда (секретар на Префектурата за економски прашања) секретар; Жан Баптист де Франсу (Франција), др. Енрике Лано (Шпанија), др. Јохен Месемер (Германија), Франческа Имаколата Чаукви (Италија), Жан Виделаин – Севестре (Франција) и Џорџ Јео (Сингапур). Комисијата ќе започне со работа што е можно побрзо, а првиот состанок е закажан веднаш по враќањето на Папата од Бразил. (го*ко)