Папата формира дикастериј за целокупен човечки развој

На 31 август 2016 година Светиот Отец објави Мото Проприо „Humanam progression“  со кое се формира нов Дикастериј за промовирање на целокупен човечки развој. Новиот Дикастериј од 1 јануари 2017 година ќе ги преземе компетенциите на Папските совети за правда и мир, Кор Унум, за душогржништвото на мигранти и патници, како и на душегрижништво за здравствените работници. Горе споменатите совети ќе престанат да постојат со своите делување и ќе бидат укинати.

Исто така Светиот Отец ги одобри ad experimentum статутите за новиот Дикастериј, а за префект го именува кардинал Петер Турксон, сегашен претседател на Папскиот совет за правда и мир.

Во своето целосно битие и постапување, Црквата е повикана да го промовира целокупниот човечки развој во светло на евангелието – стои во новиот папски документ. Тој развој се остварува со грижа за неизмерните добра на праведноста, мирот и грижата за создаденото. Наследникот на апостол Петар, во своето потврдување на тие вредности, постојано ги прилагодува своите институции, кои соработуваат со него, како би одговориле на потребите на луѓето за кои се повикани да им служат.

Дикастеријот за промовирање на целосен човечки развој ќе има овластувања по прашања за миграцијата, оние во потреба, болните, исклучените и маргинализираните, затворениците и невработените, како и за жртвите од вооружените судири, природни катастрофи и сите облици на ропство и мачење.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот