Папата Фрањо упати сочувство по повод смртта на надбискупот Хенрик Хосер апостолски визитатор со посебна улога за парохијата Меѓугорје, изразувајќи благодарност за неговиот живот и пастирскиот труд.
Истакна дека бискупското мото„Бог е голем“ го следеше надбискупот Хосер целиот негов живот и го одредувал начинот на мислење, вреднување, одлучување, расудување и утврдување на насоките за пасторално делување. Наведе дека монс. Хосер се доверувал на зборовите од Писмата кои кажуваат „Помоќен е Оној Кој е во вас, отколку оној кој е во светот“. Нагласи дека надбискупот Хосер со апостолска храброст одеше по светот, доверувајќи се дека Бог е поголем од човечкото срце и сѐ знае.
Папата истакна дека монс. Хосер посветено ги извршувал сите служби кои му биле доверени. Бил лекар, свештеник во заедницата палотинци, мисионер, аниматор за пасторал со семејства и здравствени работници, поглавар во Руанда, секретар на Конгрегацијата за евангелизација на народите, епископ варшавско-прашки и Папски визитатор во Меѓугорје. Светиот Отец со благодарност гледа на целокупното служење на монс. Хосер. „Провидноста му довери послание во Црквата и секоја претходна етапа го подготвувала за следната. Бог го исполнил. На милосрдниот Бог му ги доверувам плодовите од неговиот живот и пастирскиот ангажман, молејќи да го прими во својата слава“, порача папата Фрањо.
Светата Литургија задушница за монс. Хосер е служена во петокот на 20 август во катедралата на Варшавско-прашката бискупија. По светата Литургија телото му е положено во криптата на таа катедрала.
Ватикан њуз/к.мк