Папата упати сочувство по повод смртта на кардинал Кленси
Светиот Отец изрази сочувство за смртта на кардиналот Едвард Бедеа Кленси, надбискуп од Сиднеј во мирување, кој почина на 3 август на 91 годишна возраст. Во телеграмата упатена до апостолскиот администратор на австралиската надбискупија Петер Комесолик, Папата со благодарност го спомнува починатиот кардинал и неговото мудро пасторално водство во годините кога бил на служба во Сиднеј, а кој – како што пишува Светиот Отец – посебно се гледала неговата грижа за потребите на сиромашните, поддршката за католичко воспитување, со своите широки и екуменски гледишта.
РВ/Д.И.
Категорија:
Ватикан