Папата упати сочувство по повод железничката несреќа во Индија

Папата упати сочувство по повод железничката несреќа во Индија

Нека Бог им даде вечен мир.

Папата Фрањо изрази сочувство по повод тешката железничка несреќа која се случи на 19 октомври 2018 година во индиската сојузна држава Панџаб, во која загинаа повеќе од 60 лица и десетици ранети. Во пораката која ја испрати до црковните и државните власти, а која ја потпиша неговиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, Папата изрази искрена благодарност до сите оние кои се погодени од таа трагедија гарантирајќи ги своите молитви за загинатите и за оние кои тагуваат за своите најмили кои ги загубиле. Затоа за нив го повика божествениот благослов на оздравување, силата на мирот за ранетите и за нивните најмили, како и за државните власти и спасувачките служби.

Несреќата се случи за време на хиндуистички верски празник. Имало многу луѓе на железничките пруги во текот на огномет кога два воза од спротивни правци истовремено налетале на толпата. Индиските власти покренаа истрага за да се утврдат причините за несреќата.

Индиските епископи потресени од таа трагедија во посебно соопштение истакнаа: Тие се наши браќа и сестри на кои им се случи прерана смрт додека го славеа верскиот празник. Нека Бог им даде вечен мир. Таа трагедија повторно ја покажа потребата од подобрување на железничкиот и патниот сообраќај, и примена на мерки за безбедност при организирање на прослави, бидејќи секој живот е скапоцен и мора да биде заштитен на сите начини.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот