Папата Фрањо со видео порака се обрати до Меѓународното поморско христијанско друштво, кое од 1969 година ги собира непрофитните христијански организации кои се ангажираат за доброто на морепловците во околу 125 земји во светот
По повод 50. годишнина од основањето, во Коашингу, Тајван, од 21 до 25 октомври се одржува 11. Светска конференција на тема: „50 години заедничко работење за морепловците, рибарите и нивите семјетва“ Во таа прилика Папата сите ги поттикна да продолжат во обновен и екуменски дух да им служат на сите луѓе на морето.
Светиот Отец упати поздрав за мир и добро до сиуте учесници на конференцијата, со желби во тие денови за размислување и средба да ги препознаат ефикасните облици за помош на морепловците, рибарите и нивните семејства. Уште е актуелно Апостолското писмо „Stella maris“ од 1997 година, со кое свети Иван Павле II. ги постави основните упатства за пасторалната грижа на многу лица кои работат на море и нивните семејства, како и оние кои патуваат по море – рече Папата и потсети: Во тој документ мојот претходник повика да работиме како луѓето кои се на море би имале обилни средства потребни за свет живот.
Поаѓајќи од Апостолското писмо, папата Фрањо го обнови повикот до сите претставници на различните христијански традиции од ова друштво, како на луѓето на море би им помогнале да го запознаат Исус Христос и да живеат во согласност со неговото учење, во почит и меѓусебно прифаќање. Ве охрабрувам да ги надминете тешкотиите кои понекогаш можат да се сретнат во вашето послание, промовирајќи екуменски дух со уверување. Ве придружувам со молитва и благословот кој со задоволство го повикувам на вас, за вашите сегашни работи и оние кои се доверени на вашата пасторална грижа. Господ нека ве благослов – рече на крајот Папата.
Ватикан њуз/к.мк