Папата упати порака до Колумбовите витези

Папата упати порака до Колумбовите витези

Никој од нас не смее да ги затвори очите пред страдањата на нашите браќа и сестри на Блискиот Исток, кои поради братоубиственото насилство и верскиот фанатизам останаа без своите домови или се присилени да ја напуштат татковината – порачува папата Фрањо до претставниците на американската добротворна организација Колумбови витези, чиј членови овие денови во американскиот град Сент Луис се собрани на нивното 135. годишно собрание на тема: „Уверени во Божјата љубов и моќ“. Документот го потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.

Во пораката стои дека темата на нивната средба упатува на таинствениот извор на целокупниот христијански живот и послание: нашето уверување дека Божјата спасоносна љубов, која се покажува во смрта и воскресението на Неговиот Син и која е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, нѐ поттикнува Радосната вест на спасението да ја споделиме со сите луѓе. Токму тоа е тоа „уверување“ во темелот на целокупниот наш полет за евангелизација, и имаме богатство на живот и љубов, кои не можат да измамат и порака која не може да изневери и да разочара (сп. Evangelii Gaudium, 265).

Понатаму во документот се потсетува на зборовите на свети Павле од Посланието до Римјаните: „Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?“ (8,31) Со тоа апостолот го искажува своето уверување дека неизмерната Божја љубов, која се покажува на Крстот, го надминува секој облик на зло во светот. Кардинал Паролин во тој контекст потсети на зборовите на Папата дека денес се води светска војна во делови, додека безбожната жед за моќ и власт – дали тоа е економска, политичка или воена – се води со неискажливо насилство, неправда и страдање во нашето човечко семејство. Поради тоа Папата ги повикува сите христијани, вистински уверени во бесконечната моќ на Божјата љубов, да го отфрлат тој менталитет и да се борат против растечката општа култура на рамнодушност, која ги отфрла најмалите наши браќа и сестри.

Светиот Отец ги повика Колумбовите витези во своите семејства, парохии и локални собранија великодушно да одговорат на тој предизвик, првенствено со верност кон своето послание за посветување на светот одвнатре, извршувајќи ги своите секојдневни должности во евнагелскиот дух и покажувајќи им го Христос на другите преку сведочење со својот живот (сп. Lumen Gentium, 31). На тој начин помагањето ќе добие цврсти темели за обнова на општеството во целина, настојувајќи околу промена на срцата и изградба на мир.

Во пораката Папта посебно се заблагодари на Витезите за заштитата и промовирањето за светоста на бракот, како и достоинството и убавината на семејниот живот. Кардинал Паролин потсети на зборовите на Папата од Апостолскиот поттик Amoris Laetitia, во која здравиот семеен живот го поврзува со здраво општество во целина. До документот понатаму стои дека со зајакнувањето на здрави семејни вредности и обновената визија за нашата одговорност за моралното здравје за пошироката заедница ќе придонесе за надминување на поларизацијата и општа вулгаризација на општественото ткиво, кои се растечки извор за грижа, па дури и во најнапредните општества.

Папата Фрањо исто така ја пофали работата на Витезите во помагањето на христијаните на Блискиот Исток, истакнувајќи дека Христијанскиот фонд за помош на бегалците претставува важен знак на одлучна преданост на нивната организација за солидарност и заедништво со христијанските браќа и сестри.

На крајот Светиот Отец уште еднаш ги повика Витезите и нивните семејства да се молат за оние во потреба, за преобраќање на срцата и за запирање на спиралата на насилство, омраза и неправда на Блискиот Исток.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот