На крајот од наговорот по молитвата Царице небесна, папата Фрањо уште еднаш упати апел за мир во Сирија.
Истакнувајќи ја длабоката вознемиреност заради состојбата во светот во кој и покрај средствата со кои располага меѓународната заедница тешко се договара околу заедничкото делување во корист на мирот во Сирија и во другите делови на светот. „Додека истрајно молам за мир ги повикувам сите луѓе со добра волја, да го направат истото“, истакна Папата, „повторно ги повикувам сите одговорни во политиката на делување во корист на праведноста и мирот.“
Апелот на Папата доаѓа еден ден откако САД, Велики Британија и Франција започнаа рекетен напад врз делови на Сирија, како одговор на тврдењето дека сириската влада употребила хемиско оружје. Сирија и нејзините сојузници ги негираа тие тврдења.
РВ/к.мк