На 7 ноември 2016 година Светиот Отец во аудиенција ги прими учесниците на Второто заседание на Европската монашка мрежа за борба против трговијата со луѓе и експлоатација и им се обрати со пригодни зборови кои ги пренесуваме во целост…
Драги браќа и сестри,
Ви изразувам искрено добредојде на вас, кои учествувате во оваа Второ заседавање на монасите и монахињите во Европската мрежа против трговијата со луѓе и експлоатацијата. Благодарам на сестра Имелда Пул за нејзините љубезни поздравни зборови, во свое име, а јас ги нудам своите молитвени добри желби за плодност на овие денови на молитва, размислувања и дискусија. Убаво е што вашата средба се одржува во Рим во текот на овој вонреден Јубилеј на милосрдието. Во оваа милосно време сите ние сме повикани подлабоко да влеземе во таинството на Божјото милосрдие и – како Добриот Самајанин – балсамот на тоа милосрдие да го донесеме до толку многу отворени рани во нашиот свет.
Една од најмногу загрижувачките меѓу тие отворени рани е трговијата со луѓе, модерен облик на ропство со кое се крши од Бог даденото достоинство на голем број наши браќа и сестри и претставува вистинско злосторство против човештвото. Додека многу во тоа е постигнато со признавањето на неговата тежина и опсег, уште многу повеќе треба да се направи на ниво на подигнувањето на јавната свест и постигнувањето на подобра координација во настојувањата на владите, судствата, службениците за спроведување на законот и социјалните работници.
Како што добро знаете еден од предизвиците во оваа заговарачка работа, образование и координација е одредена рамнодушност, па дури и соучество; стремежот од страна на многумина да гледаат во друга насока (Evangelii Gaudium, 211), кон моќните економски интереси и мрежи на криминал кои се во игра. Од таа причина ја изразувам својата благодарност за вашите напори околу подигнувањето на јавната свест за големината на оваа зло кое посебно ги погодува жените и децата. Но, на посебен начин Ви благодарам за верното сведочење на Евангелието на милосрдие како што е покажано во вашата посветеност околу закрепнувањето и рехабилитацијата на жртвите. Вашата активност на тоа подрачје потсетува на „огромните и често тивки напори кои се направени низ долги години од страна на верските заедници, посебно женските заедници,“ да се грижат за оние кои се ранети во своето достоинство и жигосани со своето искуство (Порака за 2015 Светски ден на мирот, 5). Мислам посебно на големиот придонес на жената која ги следи другите жени и деца на нивниот длабок личен пат на исцелување и реинтеграција.
Драги пријатели верувам дека вашата размена на искуства, знаења и стручност во овие денови ќе придонесе за ефикасно сведочење на Евангелието, во една од големите периферии на современиот свет. Пофалувајќи ве вас и сите оние кои служат со прекрасното застапништво на Марија Мајка на милосрдието од срце го поделувам својот благослов како гаранција на радоста и мирот во Господ. Ќе ве спомнам сите вас во своите молитви – и ве молам вас, ве молам да се молите за мене.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк