Папата разговараше телефонски со калдејскиот католички патријарх Сако

Не запира насилството во Ирак, каде што 45 луѓе го загубија животот во последните 24 часа. Припадниците на исламистичката држва ја срушија најстарата џамија во Мосул и уште два храма, а демантирана е веста за рушењето на цркваа на Светиот Дух. Папата Фрањо исто така на 25 јули телефонираше со калдејскиот католички патријарх во Ирак Луис Сако и му посведочи за својата близина и учествување во судбината на ирачките христијани кои муслиманите ги избркаа од нивните куќи. Така Папата одново покажа поддршка за целата христијанска заедница – рече патријархот Сако во разговор за Радио Ватикан.

Многу сме благодарни и трогнати од солидарноста на Папата, наклонетоста и молитвата. Папата рече дека е близок на христијаните и дека моли за Ирак. Кога му кажав дека христијаните се цврсти во верата и надежта, одговори: „Добро, добро! Не губете надеж!“ Папата ни изрази татковска поддршка; неговата близина ни е важна, бидејќи ни дава сила и нѐ поттикнува да не губи надеж за подобра состојба во Ирак – рече патријархот Сако.

На забелешка дека терористите на Исламистичката држава прогонуваат и други верски заедници истакна дека припадниците на исламистите имаат многу радикална идеологија; тие се опасност не само за христијаните, туку и за муслиманите и за целиот свет. Ја срушија големата џамија на пророкот Јона каде според традицијата е гробот на пророкот. Џамијата беше изградена на урнатините на една калдејска црква, а сега и таа е срамнета со земјата како и други џамии, а исламистичките радикали се закануваат да ги срушат сите наши цркви. Овие радикални муслимани се закана за целиот свет – истакна патријархот Сако.

На прашање за меѓурелигискиот дијалог, патријархот рече дека христијаните треба да бидат обединети исто така и муслиманите, сунитите и шеитите. Тие мора да заземат јасен став во однос на отворен, разумен верски дијалог инаку ќе изгубат. Христијаните мора да останат на Блискиот Исток. Во своите институции воспитуваме генерација отворена кон христијаните и муслиманите. Сите граѓани мора не само да преживеат, туку и да живеат во слобода и достоинство, а тоа е одговрност на целиот свет, на христијаните и муслиманите – предупреди патријархот.

На прашање за состојбата на христијанските семјства кои се прогонети од нивните домови рече дека на тие семејства им е неопходна помош. Ние, како Црква дадовме сѐ што можевме. Папскиот Совет ‘Cor unum’ испрати финансиска помош, а утре одам на северот од Ирак за да има предадам помош на семејствата. Има малку надеж, но, многу се високи ѕидовите помеѓу етничките и верските групи – заврши патријархатот Сако.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот