Папата со порака до учесниците на „Марш за живот“ во Париз

Папата со порака до учесниците на „Марш за живот“ во Париз

Папата Фрањо срдечно ги поздравува учесниците на „Марш за живот“ кој во недела на 22 јануари 2017 година ќе се одржи во Париз.

Во пораката која ја потпиша апостолскиот нунциј во Франција надбискупот Луиџи Вентура и го испрати до организаторите на таа иницијатива, Папата предупредува дека Црквата не смее никогаш да се измори да биде адвокат на животот и не смее да се откаже од истакнувањето дека човечкиот живот треба безусловно да се заштитува од неговото зачнување, па сѐ до природната смрт.

Овде не можеме да се согласиме на компромис, а самите да не станеме виновни за културата на отфрлање, која за жал, многу е раширена – рече Папата на француските епископи по повод нивната посета Ад Лимина во ноември 2015 година. Колку се големи раните кои нашето општество мора да ги поднесува заради отфрлањето на најслабите и незаштитените, како што се неродените деца, старите луѓе и болните – истакна тогаш Светиот Отец и додаде – сите на крајот ќе трпиме заради болните последици. Освен оправданата манифестација за заштита на човечкиот живот, Папата на учесниците на Маршот за живот ги поттикнува неуморно да работат со цел градење цивилизација на љубовта и култура на животот. (…)

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот