Папата Фрањо испрати порака до учесниците на 21. заедничко заседание на Папските академии, а ја прочита Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.
Темата на заседанието „Искри на убавина за човечкото лице на градот“ ја избра претседателот на Папскиот совет за култура кардинал Џанфранко Раваси.
Со своите мрачни предградија многу градови изгледаат повеќе како места на стравот, а не на соништата. Уметноста и културата можат повторно да ги оживеат тие средини и од нив да направат здрава животна средина – стои во пораката на Папата. Исто така грижата за луѓето започнувајќи од оние најмалите и најслабите неопходно значи и да се грижиш за околината во која живееме. Малите гестови, едноставните дела, малите искри на убавина и љубов можат да го исцелат „закрпат“ камшикуваното и рането ткиво на човечкото општество како и градовите и околината претставувајќи конкретна алтернатива за рамнодушноста и цинизмот – пишува Папата и додава дека и парохиските цркви, посебно ако се наоѓаат на периферијата, претставуваат оази на убавината и изразуваат добредојде со својата едноставност, давајќи живот на заедницата и зајакнувајќи ги општествените врски.
Светиот Отец пораката ја упати до кардинал Раваси кој воедно е претседател на Комисијата за координација на Папската акдемија. Додаваме дека 11 папски академии постојат заради промовирање на истражувањата и за да охрабрат на дијалог внатре како и меѓу научните, уметничките, професионални и културни дисциплини.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк