Папата со порака до екипата на бегалци на Олимписките игри
Папата Фрањо испрати писмо до бегалската екипа, која учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, посакуавјќи им успех во натпреварувањето. Обраќајки се со име до секој од претставниците на бегалците на Олимписките игри во Бразил, Светиот Отец посака нивната храброст да биде израз на „братство и мир“.
„
„Преку вас човештвото нека сфати дека е возможен мир, дека со мирот може да се постигне сѐ, а со војната, напротив, може да се изгуби сѐ“ – пишува папата Фрањо. Посака нивното сведоштво да биде за „добро на сите“ и им ги вети своите молитви и ги благослови.
За потсетување: Меѓународниот олимписки комитет најави дека на игрите оваа година во Рио де Жанеиро ќе учествува и екипа на бегалци, кои ја сочинуваат двајца пливачи од Сирија, двајца џудисти од Демократска Република Конго, како и шест атлетичари од Етиопија и Јужен Судан. Сите натпреварувачи побегнале од насилствата и прогонствата во сопствените земји и најделе прибежиште во Белгија, Германија, Луксембург, Кенија и Бразил.
Според соопштението на Вискокиот комесар за бегалците на Обединетите нации, се работи за иницијатива која е без преседан и дека „испраќа силна порака за поддршка и надеж за бегалците во целиот свет“, во време во кое бројките на лицата кои се принудени да ги напуштат своите домови се поголеми од било кога. На крајот на 2014 година во светот имало рекордни 59,5 милиони бегалци и баратели на азил.
Учеството на бегалците на Олимписките игри значи „признавање на храброста и упорноста на сите бегалци во надминување на тешкотиите и изградбата на подобра иднина за себе и за своите семејства“ – објави УНХЦР. Најавата на екипа со бегалци се совпаѓа и со кампањата #WithRefugees која вклучува петиција до владите за секое дете бегалец да му се гарантира образование, секое бегалско семејство да има сигурно место за живот и секој бегалец да може да работи и да стекнува нови вештини како би дал позитивен допринес на сопствената заедница. Петицијата ќе им биде врачена на државните претставници пред состанокот на Обединетите нации за беглаци и мигранти на 19 септември во Њујорк.
РВ/к.мк