На 1 октомври 2017 година, папата Фрањо околу 12 часот на Пијаца Маџоре во италијанскиот град Болоња се сретна со претставниците од светот на работата, невработните, синдикалците и претприемачите, а после тоа ја предводеше молитвата Ангел Господов.
Во својот говор рече дека присутните ги преставуваат различните социјални страни, често се и во остри расправи, но научиле дека единствено со заеднички сили може да се излезе од кризата и да се гради иднината. Само дијалогот овозможува пронаоѓање на делотворни и иновативни решение за сè – рече Светиот Отец.
Папата потсети дека на подрачјето Емилија – Ромања постои долгогодишно искуство на соработка, искуство од кое се раѓа темелната вредност – солидарноста. Солидарноста никогаш не смее да биде подложена на логиката на паричниот профит, бидејќи со тоа на најслабиот му се одзема она што му е потребно – рече папата Фрањо и продолжи: Потрагата за праведно општество не е сон на минатото, туку залагање, ангажман кој од сите бара соработка.
Папата предупреди дека невработеноста на младите и ситуацијата на оние кои излегоа од работниот процес не смее да се гледа само од аспект на статистиката. Подготвеноста за прифаќање како и борбата против сиромаштвото се остварува во голем дел со работа. Ние не можеме да помогнеме на сиромасите, а да не им понудиме можност за пронаоѓање работа и достоинство – нагласи Светиот Отец.
Економската криза поседува европска и глобална димензија, а станува збор исто така и за етичка, духовна и човечка криза. Таа е вкоренета во предавството на општото добро од страна на моќните поединци и групи. Неопходно е да се отстрани законот на профитот од центарот и на негово место да се стави човекот и општото добро. За тоа да се оствари, потребно да се умножат можностите за достоинствена работа – рече Папата.
Светиот Отец потоа ги потсети присутните дека се наоѓаат пред базиликата Свети Петрониј, кој е познат како „Татко и Заштитник“, а кој во рацете го држи градот Болоња. Од плоштадот можат да се видат трите централни елементи на вашиот град – продолжи папата Фрањо: Црквата, градската сала и универзитетот. Кога тие три елементи меѓусебно дијалогизираат и соработуваат, се зацврстува „скапоцениот хуманизам“ кои тие го изразуваат, и градот така да се каже „дише“, има хоризонт и не се плаши да се соочи со новите предизвици. На крајот од говорот, Папата ги поттикна присутните да го негуваат и промовираат тој хуманизам за да трагаат долгорочни решенија за сложените проблеми на нашето време, не гледајќи ги само како потешкотии, туку како ожност за раст и подобрување.
Светиот Отец по молитвата Ангел Господов потсети дека вчера во Братислава во главниот град на Словачка за блажен е прогласен Титус Земан, свештеник салезијанец. Умира во 1969 година по долгогодишната пасторална грижа и откако за време на комунизмот долго време поминува во затвор заради својата вера. Нека неговото сведоштво нè поддржи во најтешките моменти во животот и ни помогне да го препознаеме, па и во икушенијата, Господовото присуство – рече Папата. Исто така рече дека денешната недела својот врв го достигнува со седмицата која на посебен начин е посветена на Словото Божјо, по повод вчерашниот празник на свети Јероним, голем учител на Светото Писмо. Му благодариме на Бог за дарот на Неговото Слово и се обврзуваме да ја читаме и да размислуваме од Библијата, посебно Евангелието – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк