По молитвата Ангел Господов во недела 3 март 2024 година, папата Фрањо ги спомна страдањата на луѓето во Палестина и Израел, кои секојдневно ги носи во срцето. Тој го охрабри продолжувањето на преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците, а цивилното население да ја добие потребната хуманитарна помош
Дали навистина мислите дека на тој начин може да се изгради подобар свет? Дали навистина мислите дека е можно да се постигне мир? Доста, ве молам! Сите да кажеме „доста е“, ве молам! – е силно охрабрување што папата Фрањо го упати на верниците во недела, на 3 март, по молитвата Ангел Господов. Поттик полн со болка што секојдневно го носи поради страдањата на населението во Палестина и Израел предизвикано од непријателство, како и во напатената Украина каде – како што рече – секојдневно умираат многу луѓе.
Поттик за продолжување на преговорите
Илјадници мртви, ранети, раселени и огромни разурнувања предизвикуваат болка, со страшни последици за малите и беспомошните – посочи Римскиот бискуп, кој се надева дека преговорите што се водат во Каиро ќе завршат успешно.
Го охрабрувам продолжувањето на преговорите за да се постигне итен прекин на огнот во Газа и целиот регион, за да бидат веднаш ослободени заложниците и вратени кај нивните најблиски кои нестрпливо ги чекаат, а цивилното население да има сигурен пристап до потребната и итна хуманитарна помош .
Ватикан њуз/к.мк