Папата: Сиромасите не смеат да бидат можност за заработка

Треба да се бориме против структурните причини на сиромаштво, истакна Папата во денешниот говор пред членовите на Сојузот на волонтерски организации кои се надахнуваат од христијанството. Папата предупреди дека не смее да се заработува на сиромасите и поттикна на поголема ангажираност за мир, бегалците и раселените лица.

Бидете Црква со покров која се застапува за браќата во тешкотија, рече Светиот Отец поттикнувајќи ги доброволците да им служат на сиромасите по примерот на Добриот Самаријанец, во склад со евангелските вредности. Важно е да се сведочи вредноста на бесплатноста: сиромасите не смеат да станат можност за заработка. Сиромаштвото го менува своето лице, постојат нови видови на сиромаштво, а некои и меѓу самите сиромаси: сакаат да предначат; се организираат, па дури и практицираат солидарност меѓу сиромасите, меѓу последните, забележа Светиот Отец.

Вие сте повикани да ги разоткриете знаците на времето и да бидете средство во служба на претприемачкиот дух на сиромасите… . Да се биде солидарен со сиромасите значи да се бори против структуралните причини на сиромаштвото: нееднаквоста, невработеноста, станбената незгриженост и негирањето на општествените и работните права, истакна Папата.

Меѓу главните причини на сиромаштво, Папата го спомна и „економскиот систем кој ја „пљачка“ природата, а предупреди, исто така, дека со создаденото не можеме да располагаме произволно и тоа не е сопственост само на неколкумина“. Бог ни го подари создаденото за да се грижиме за него и на тој начин да биде за доброто на сите. Ги поттикна присутните да се заземат и за праведна распределба на природните добра и дека убавината на создаденото треба да се чува за идните генерации.

Говорејќи, пак, за соблазната на војната, рече дека верата помага да се градат мостови таму каде насилството го замрачува разумот. Мноштво народ мора да бега пред ужасот на војната, бројни се прогонетите поради нивната вера, принудени се да ги напуштаат своите домови, храмови, своите земји и своите најблиски. Има премногу уништени животи, страдања и уништувања. Христовиот ученик не бега пред таквиот ужас, не ја свртува главата на другата страна, туку со својата блискост и евангелското прифаќање настојува да помогне на постраданото човештво.

Завршувајќи го говорот, Папата потсети на бегалците и раселените, кои бегаат опасноста по животот, надевајќи се на подобра иднина. Потребна е соработка на сите институции, невладини организации и црковни заедници за да се оствари мирољубив соживот меѓу луѓето и различните култури. Бидете сведоци на љубовта, миротворци, поттикнувачи на праведност и солидарност, заврши папата Фрањо.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот