Папата сигурно ќе ја посети Шри Ланка

Посетата на папата Фрањо, предвидена за јануари 2015 година, би можела да ги услови претседателските избори – сметат епископите на Шри Ланка, кои официјално побараа од претседателот на државата, Махинда Рајапакса, да обезбеди временски простор помеѓу посетата на Папата и претседателските избори, кои ќе се одржат на почетокот на јануари.

Истовремено епископот Рејмонд Викрамасињ го потврди патувањето на папата Фрањо во Шри Ланка, како и неговиот престој во Коломбо од 13 до 15 јануари 2015 година, негирајќи ги гласините, кои овие денови се појавија во националните весници и на социјалните мрежи, за можното откажување на посетата на Папата.

Сепак Папата ќе ја посети Шри Ланка. Ја молевме владата изборите да не се одржат после посетата на Папата, бидејќи посетата би можела да се искористи во изборни цели – објасни шриланскиот епископ. Во соопштението е истакнато дека „само од владата и Државната изборна комисија зависи одредувањето на датумот за изборите“. Црквата нема причина во тоа да се меша – се вели во соопштението.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот