Папата се сретна со Хеба де Бонафини

Папата Фрањо на 27 мај 2016 година во домот Света Марта се сретна со Хеба де Бонафини основателка и претседателка на Мајките на Мајскиот плоштад здружение кое го основале мајки т.н. desaparecidosa, политички дисиденти кои исчезнале за време на воената диктатура на Хорхе Рафаел Видел во Аргентина.

Ниту со 87 години Хеба де Бонафини не го изгубила борбениот дух. Во текот на воената диктатура ги изгубила двата сина кои исчезнале без трага како и многумина други противници на тогашната диктатура. Средбата во Света Марта беше долгa и многу блиска. Бевме трогнати и се прегрнавме – рече Бонафини која претходно го критикувала папата Папата и заради тоа го замолила за прошка. Уште порано во едно писмо признала дека не била во право, не познавајќи го неговото залагање за сиромашните.

Основателката на Мајките на Мајскиот плоштад разговала со Светиот Отец за дрматичната состојба во Аргентина каде што многумина се без работа и се борат за да преживеат. Папата пред сè внимателно ме сослуша и призна дека засега е невозможно да оди во Аргентина – рече Хеба де Бонафини на средбата со новинарите.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот