Папата се сретна со претседателот на Швајцарија

Папата Фрањо на 7 мај 2016 година во Ватикан го прими претседателот на Швајцарската Конфедерација Јохан Шнајдер – Аман кој дојде во Ватикан по повод свечената заклетва на новите членови на швајцарската гарда и со него разговараше за бегалците, за невработеноста на младите, Блискиот Исток и Африка.

Пријателскиот разговор – како што стои во официјалното соопштение – освен што беше повод за потврдување на добрите односи помеѓу Светиот Престол и Швајцарија и за истакнување на позитивниот придонес на Црквата во различните инстанци во земјата, во атмосфера на мирна соработк, ги поттикна Папата и швајцарскиот претседател да го насочат вниманието на професионалното воспитување на младите кои имаат ефикасна улога во пристапот во светот на работата и во поширокиот хоризонт, темата миграција и политика прифаќање и интеграција во сегашниот контекст на европскиот континент. Се разговарало исто така за конфликтот на Блискиот Исток и за состојбата во земјите во Супсахарска Африка истакната е потребата за поголемо заземање за да се подржат сигурноста и мирот – се истакнува во соопштението.

По разговорот со папата Фрањо претседателот Јохан Шнајдер – Аман се задржа во разговор со надбискупот Пол Ричард Галагер секретар за односите со државите

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот