Папата се сретна со премиерот на Мозамбик
Ватикан, 11.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо денеска во Ватикан го прими на аудиенција премиерот Мозамбик Алберто Вакуина. За време на срдечниот разговор премиерот ги пренесе до папата Фрањо „честитките на народот на Мозамбик за неговиот избор за Петров наследник“ се вели во соопштението од Ватикан. На средбата која траеше околу дваесет минути беа истакнати „добрите односи меѓу Светата Столица и Мозамбик, зајакнати со билатералниот договор, потпишан на 7 декември 2011 и ратификуван минатата година.“ Исто така беше истакнат и „позитивниот придонес на Католичката црква за мирот и развојот на Мозамбик, ставајќи акцент на големиот допринос што Црквата го дава во образованието, здравството и хуманитарната помош.“ Во соопштението од Ватикан се додава дека било разговарано и за теми поврзани со „проблемите и предизвиците на Африканскиот континент”.