Папата се сретна со почесниот папа Бенедикт XVI

Папата се сретна со почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо во вторник попладне, 27 март 2018 година го посети почесниот папа Бенедикт XVI во манастирот „Mater Ecclesiae“, во Ватикан за да му го честита престојниот празник Воскресение Христово.

Истиот ден претпладне Светиот Отец ги посети вработените во Државниот секретаријат.

Во придружба на монсињор Паоло Борџија, Папата ја започна својата посета со благослов на канцелариите на Третиот оддел, формиран минатиот ноември, кој е наменет за персоналот кој е во дипломатската служба на Светиот Престол. Папата Фрањо се задржа во заедништво со вработените, а во таа прилика ги разгледа и канцелариите.

Светиот Отец го посети Државниот секретаријат во април 2013 година, и во таа прилика се сретна со вработените од Секретаријатот, кој тогаш се состоеше од два оддела.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот