Пред Генералната аудиенција на 11 декември 2019 година Папата ги поздрави украинските верници од епархијата Мукачево и ги потсети дека Црквата е мајка на многу маченици, кои со својата крв сведочеле за Христос
На идните генерации во Украина да се даде видливото сведоштво за цврста, жива и католичка вера, не заборавјаќи ја и долгата репресија на советскиот режим – е желбата на Папата која ја искажа пред учесниците на поклнението на гробот на свети Петар, од епархијата Мукачево, за верниците од византиски обред, кои ги прими пред Генералната аудиенција, а по повод 30 години излегување од тајност. Папата се заблагодари на бесконечното добрина на Господ, кој со својата силна рака ја солободи Црквата, мајка на бројни маченици, кои со својата крв ја потврдија верноста кон Христос, Католичката црква и римскиот епископ.
Најмрачните моменти од историјата
Папата Фрањо го спомена блажениот епископ, маченикот Теодор Ромж, кој во најмрачните моменти на Мукачево знаеше да го води Божјиот народ со евангелска мудрост и храбро, бил неуморен, по примерот на Добриот пастир, сѐ до жртвување на сопствениот живот за своето стадо. Сакам да се споменам и на вашите претци, баби и дедовци, татковци и мајки, кои во интимноста на своите домови, а често и под надзор на непријателскиот режим, ризикувајќи ја својата слобода и живот, ја пренеле науката за Христовата вистина на идните генерации, на кои вие сте претставници, сте дале видливо сведоштво за цврста, жива, католичка вера – рече Папата.
Средба со Христос
Споменувајќи го Апостолскиот поттик ‘Evangelii gaudium’ ги повика присутните да го обновиот својот личен однос со Христос, или барем да одлучат да дозволат да се сретнат со Него, секој ден непрекинато да го бараат, затоа што никој не е исклучен од радоста која ја донесува Господ – истакна Папата и упати молитва до Господ да ја штити епархијата Мукачево од подвалите на злото и да ѝ подари благосостојба.
Поздрав до болните
Во пресрет на Божиќ, папата Фрањо на сите верници го препорача застапништвото на Блажената Девица од Мукачево, посакувајќи Божјиот Син да се роди во срцето на секој од нив, и своите поздрави ги упати најпрво до децата, болните и оние кои страдаат.
Ватикан њуз/к.мк