Папата се сретна со Ким Дејвис
Со овој чин, Папата одговори на своите критичари кои го обвинуваа за „недоволна јасност” во врска со истополовите бракови и абортусот.
Ким Дејвис, службеничка од Кентаки, која одбила да издаде дозвола на геј пар за за склопување брак повикувајќи се на својата христијанска вера, се сретнала со Папата Фрањо за време на неговиот престој во Вашингтон, потврдил за CBS нејзиниот адвокат откако порталот Inside the Vatican прв ја објави оваа вест.
На приватниот десет минутен состанок на кој присуствувал и сопругот на Ким, Џое, папата Фрањо ѝ препорачал на Ким да „остане силна” и притоа им поклонил две Бројаници кои ги благословил.
Адвокатот на семејството, Мат Стевр, изјавил дека состанокот е држан во тајност за да не се изгуби „широката порака” од посетата на Папата. Исто така, нагласи дека состанокот е одржан на иницијатива на Светиот Отец кој целиот случај го следел преку медиумите, а конечна потврда пристигнала вечерта пред да биде одржан состанокот.
Ким и Џое се сретнале со папа Фрањо во нунцијатурата на Светиот Престол во Вашингтон. Притоа Ким изјавила:
„Никогаш не мислев дека ќе го запознаам Папата. Која сум јас да ја доживеам оваа ретка прилика? Јас сум само службеничка која го сака Исус и сакам да му служам со цело свое срце”, нагласувајќи дека Светиот Отец покажал „исклучителна загриженост” и дека бил „драг”.
Самиот папа Фрањо во една прилика при летот за Рим во разговор со новинарите има истакнато дека „приговорот на совеста е човечко право”.
Веста за средбата на Светиот Отец со Ким Дејвис е објавена во исто време кога многу светски медиуми ја пренесуваа изјавата на американскиот претседател, Барак Обама, упатена на претставниците на ЛГБТ-заедницата:„Религиската слобода не е доволна причина да се негира уставното право на еден Американец”.
Обама тоа го изјавил за време на донаторската вечера на која се собирани средства за Демократската партија додавајќи: „Пред да се прилагодиме и да ги почитуваме загриженоста и интересите на религиските институции, мораме да ги одбиеме политичарите кои поттикнуваат нови облици на дискриминација за да присоберат гласови”.
Потсетуваме дека Ким Дејвис помина 6 дена во затвор поради тоа што како службеничка во округот Рован одбила да издаде дозвола за склучување истополовни бракови наведвајќи дека тоа се спротивставува на нејзината христијанска вера.
Откако неколку пати говореше за религиската слобода и ги поддржа американските бискупи за време на својата посета на САД, со овој чин Папата стави крај на критичарите кои го обвинуваа за „недоволната јасност” во врска со истополовите бракови, абортусот и општо за католичкиот морал.
Битно нет/Б.Р.