Папата Фрањо на 27 септември 2020 година се сретна со поглаварот на Ерменската апостолска црква Карекин II.
Фокусот на 40 минутниот разговор помеѓу папата Фрањо и Карекин II. беше обновениот вооружен судир помеѓу Ерменија и Азербејџан.
„Папата ја изрази својата загриженост и болка. Исто така извести дека во својата порака после молитвата Ангел Господов се ќе се осврне на ситуацијата, нешто што и го направи“ – рече Карекин II после средбата со Папата. „Го замолив својот брат Фрањо да го подигне својот глас како би се обновиле правдата и мирот. Состанокот беше многу срдечен, како и секогаш досега, за го завршивме со заедничка молитва за обнова на мирот.“ – додаде тој.
Состанокот првично беше планиран да се одржи во понеделник, но поради започнатиот воен судир помеѓу Ерменија и Азербејџан беше поместен за ден порано.
Ерменија во историјата е забележана како прва нација која станала христијанска, во почетокот на 4 век. Во недела 27 септември после средбата со Карекин II папата Фрањо по молитвата Ангел Господов повика за мир во Нагорно- Карабах.
к.мк