На 17 октомври 2019 година, попладне папата Фрањо се сретна со 40 домородци кои учествуваат на Синодата за Панамазонското подрачје и на други иницијативи кои овие денови се одржуваат во Рим. Веста ја објави Матео Бруни директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Средбата започна со краток говор кој го прочитаа една жена и еден маж претставници на домородните народи кој преку нив на Светиот Отец му изразуваат благодарност за закажувањето на синодата, и замолија за помош за да ја остварт желбата на своите народи, да им се загарантира мирен и среќен живот грижејќи се за сопствената земја и штитејќи ја водата за да можат во неа да уживаат нивните потомци – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата Фрањо се обрати на присутните со неколку зборови истакнувајќи дека Евангелието е како семе кое паѓа на земјата на која ќе наиде и расте со карактеристиките на таа земја. Осврнувајќи се пак посебно на Амазонското подрачје, Светиот Отец ја спомна опасноста од нови облици на колонизација. На крајот зборувајќи за корените на христијанството родени во еврејскиот свет, развиени во грчко-латинскиот и кое после доаѓа до другите земји како што се словенските, источните, американските, Папата повторно напомена дека Евангелието треба да се инкултурира за Исусовото навестување народите да го примаат со сопствената култура.
Ватикан њуз/к.мк